Ирак издаде налог за апсење на Трамп

by fokus

Ирачкото правосудство донесе одлука за издавање на налог за апсење на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп поради вмешаност во атентатот на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Генералот беше убиен во воздушен напад којшто силите на САД го извеле во ирачкиот главен град Багдад.

Во налогот за апсење Трамп се обвинува за убиство со умисла, кое во Ирак се казнува со смрт.

Поврзани новости