500
Доколку следната недела се одржат избори 21,2 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 19,5 отсто за СДСМ, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС).
Рејтингот на СДСМ е за нецели два отсто помал од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, додека за ДУИ би гласале 4,6 отсто од испитаниците.
10 отсто од нив одговориле дека не би гласале за никого. За Алијанса за Албанците би гласале 2,9 отсто, додека за БЕСА 1 отсто.
Од испитаниците Македонци, 27 отсто одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ додека 22 отсто за СДСМ. Од испитаниците Албанци, пак, 9,8 одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 0,8 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.
Програмски директор на Институтот за политички истражувања е политикологот Владимир Божиновски.