539
Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна, смета министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид.
– Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет, изјави министерот за Скај Њуз.
Според него, по признавањето на украинските региони, Путин испратил тенкови и војници.
– Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната.
Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.