439
Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ со денови е во Клиничкиот центар во Љубљана, а поради лошата здравствена состојба е приклучен на респиратор. Како што се наведува во медиумите, пејачот е интубиран и се наоѓа во многу тешка состојба.
„За жал, состојбата и натаму е критична, а Бора е интубиран на одделението за интензивна нега“, изјави извор за „Курир“.
Сопругата на Бора, Дубравка одбива да се огласи на таа тема.