Здружението на граѓани ЦСИ Линк, во изминатите 6 години, активно по повод Новогодишните и Божиќните празници ја спроведува иницијативата “Подари пакетче-подари радост” во соработка со “Создраваме насмевки-да бидеме хумани” , со цел собирање на новогодишни пакетчиња наменети за децата во социјален ризик од рурални средини, на територијата на Скопје, Тетово и Куманово.
Како и сервиси и институции за згрижување на деца од доменот на социјалната заштита, како што се:
Шелтер Центар за деца жртви од семејно насилство, Шелтер Центар за деца жртви на трговија со луѓе, Мали групни домови за згрижување на деца, Интернат за деца и Дневни Центри за деца со попреченост.
-Оваа година, со поддршка од 14 волонтери, повеќе од 20 фирми и 3 собирни локации за приватни донации, беа успешно собрани 913 новогодишни пакетчиња.
Новогодишните пакетчиња беа поделени на децата од ранливи групи:
– во Општина Куманово, селата Режановце, Бајловце, Клечовце, Градиште, Кучкарево и Орашец ;
– во Општината Чучер Сандево, во селата Кучевишите, Мирковци, Глуво, Побожје, Бањани;
во Општината Бутел, во селата Љубанци, Љуботен и во 6 основни училишта во населените места Бутел, Радишани и Визбегово ;
– во здруженија, сервиси и институции за грижа и поддршка на деца од ранливи групи: Национална мрежа против семејно насилство и насилство врз жени и деца, Шелтер Центар за деца жртви на трговија – Ла Страда, ОО Црвен крст Карпош – Проект Хуманко, Воспитно поправен дом – Тетово, ХОПС;
– во Манастирот Св.Јован Бигорски наменети за децата од ранливи групи, од западниот регион.
Покрај новогодишните пакетчиња, беа поделени претходно обезбедени детски играчки, детски постелнини, облека и хигенски пакети.
Додека од страна на Македонската заедница на граѓани од Шведска и Данска беа обезбедени средства во износ од 61,750,00 денари. Кои беа распределени во форма на ваучери за обезедување на намирници за 4 семејства (еднородителски и многудетени), 1 ваучер за обезбедување на обувки за едно дете и сума во износ од 23.000,00 денари, која беше уплатена за лекување на малата Јана Грнчаревска.
Оваа иницијатива, не би била реалност без желбата, иницијативата, упорноста и пркосот на волонтерите кои во периодот на подготовка за престојните празници, одвоија време, труд и внимание за организирање на оваа акција.
Истата претставува убава причина за поттикнување на општествена одговорност кај компаниите, а кај голем дел и мотив за самоиницијативно активирање и мобилизирање на вработените во рамките на фирмите.
Новогодишните празници не се само повод за украсување на домовите, семејните фотографии и прослави, туку и повод да се сетиме на сите оние кај кои новогодишната еуфорија буди не толку позитивни чувства, од различни причини.
Благодарност до сите оние кои се приклучија кон иницијативата „Подари пакетче – подари радост“ на различни начини, израдуваа многу дечиња и внесоа радост во домовите во кои беше најпотребна.
Нека ни е среќна Новата Година и нека радоста на детските насмевки биде украс кој ќе ја разубавува целата година!, велат од Здружението.