291
Инцидентите на Левица во Собрание се евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС, смета ВМРО-ДПМНЕ.
-Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието. Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија. Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”, се вели во реакцијата на партијата.