520
Инциденти се случија на протестот во Атина кога група маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели пред грчкиот парламент.
За да ја растераат групата, полицијата употребила солзавец а судирите траеле кратко и веднаш потоа продолжил протестниот марш.
Маршот во Грција е организиран од грчките синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, а причина за тоа се ниските плати и скапите горива.