Инциденти на протестите во Белград, студенти се повлекуваат

by Фокус

Студентите се повлекуваат од просторот пред зградата на Собранието и од плоштадот Славија, откако дошло до неколку инциденти и провокации за време на 15 минутниот молк во чест на загинатите 15 лица кои настрадаа при падот на настрешницата на 1 ноември во Нови Сад.

Редарските служби , како што пренесуваат репортерите на Н1 се повлекуваат од безбедносни причини и ги насочуваат демонстрантите да го напуштат просторот. Според сведоштва на дел од присутните, се слушнал топовски удар, а од Пионирскиот парк каде се собрани поддржувачите на власта, биле фрлани шишиња и камења.

Од Факултетот за драмски уметности соопштија дека протестот веќе не е студентски.

„Од правец на Пионирскиот парк се фрлени шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа ознаките. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се наведува во нивната објава.

Поврзани новости