397
Најавен како мирен, протестот против воведувањето патарина на „Патот на нацијата“ што ги поврзува Косово и Албанија од самиот почеток почна со инциденти и премина во насилство.
Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, по што таа возврати со солзавец.
Демонстрантите целосно го уништија наплатниот пункт и најавија порадикални мерки ако не се повлече одлуката за воведување на патарината.
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека нема да се отстапи од веќе донесената одлука, туку најави воведување патарина и на други патишта