426
Жител на тетовско Желино вчера во селото физички нападнал возач на Службата за Брза помош. Тоа најверојатно го направил во револт зошто возилото со медицинските лица дошло откако починал татко му.
– А.Ф (31) го нападнал само возачот на службата за Брза помош Д.Д (44) од Фалише. Двете медицински лица кои дошле заедно со возачот во возилото за брза помош не биле повредени. Екипата била повикана да интервенира кај таткото на А.Ф кој во меѓувреме додека дошло возилото починал, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полицијата ќе преземе уште мерки во рамки на истрагата за расчистување на случајот.