Инцидент во средно училиште во Јужен Велс. Како што пренесуваат тамошните медиуми, во напад со нож, избодени се неколку лица.
Поради тоа, училиштето е затворено, а околу него кружат хеликоптери. На сите ученици и вработени им било кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните.
Станува збор за училиштето „Исгол Дифрин Аман“, како што пренесуваат британските медиуми.
Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат родителите на децата, кои останале внатре во училиштето во кое посетуваат околу 1.000 ученици.
Ammanford stabbing LIVE: 'Multiple people knifed' at South Wales school in horror rampage https://t.co/WTVt6XHVgi
— John B Tawn (@27Tawnyowl) April 24, 2024
На социјалната мрежа Х беше споделена информација дека неколку лица се избодени со нож.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил во училишниот двор.
Родителите за британските медиуми изјавија дека околу училиштето има силно полициско присуство, а очевидци пријавиле дека виделе и два хеликоптери на брза помош како слетуваат во близина.
Има извештаи дека на учениците им било кажано да не ги користат своите телефони за време на блокадата.