400
Физичка пресметка помеѓу татко и син се случила во струшкото село Подгорци. По вербална расправија, таткото физички ги нападнал својот син, а го удирал и со кундак од пиштол во главата
“Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“ поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од струшкото село Подгорци. Тој, кривичното дело го сторил на 30.09.2018 година во семејната куќа во селото кога започнал вербална расправија со неговиот син О.Е.(38) по што и физички го нападнал. Пријавениот извадил пиштол и со кундакот го удрил својот син во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди.“