Лидерот на опозициското движење „Двери“, Бошко Обрадовиќ на почетокот на собраниската седница, на која треба да се прогласи укинување на вонредната состојба дуваше во свирче, по што од обезбедувањето беше изнесен од салата.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ предизвика инцидент во моментот кога првиот спикер, Маја Гојковиќ и даде збор на премиерката Ана Брнабиќ, застанувајќи пред местото каде седат министрите и премирката Брнабиќ, за да почне да свири со свирче.
Гојковиќ најпрво му изрече две опомени, по што го исклучи од седницата, наредувајќи на обезбедувањето да го отстранат Обрадовиќ од Собранието, на што тој се спротивстави, одговарајќи дека сите мораат да се држат на растојание од два метри, како што е предвидено со мерките за епидемијата на новиот корона вирус.