870
Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца ја одложи седницата на собраниското Претседателство, поради наводно насилно однесување на шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши на почетокот на седницата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коњуфца изјави пред новинарите дека од страна на Гаши имало обид за физички напад и биле изречени тешки навреди кон шефот на неговиот кабинет, Илир Крчели.
– Имаше напад, имаше и пцости. Беа изреченни работи кои не можам да ги споменам тука, рече Коњуфца.
Тој најави дека се можни дисциплински мерки против шефот на пратеничката група на ЛДК и порача дека барањето извинување од страна на Гаши „е најмалото нешто што може да се направи во овој случај“.