Инцидент во „Никола Карев“: Врсници претепале 17-годишно момче

by Fokus

Денеска во Скопје, 17-годишно момче било физички нападнато и претепано од група врсници.

Инцидентот се случил во близина на гимназијата „Никола Карев“ во Карпош, но сè уште нема потврда дали жртвата или напаѓачите се ученици во истото училиште.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија настанот, но без да откријат дополнителни информации за истрагата која е во тек.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ изјавија од МВР.

Поврзани новости