Во инцидент што синоќа се случил во скопското село Батинци бил повреден еден полицаец, иако ударот бил наменет за натрапник кој влегол во една од селските куќи. Поточно, како што информираат од МВР, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека во една од куќите во селото влегол непознат човек.
Полицајците бргу стигнале на посочената адреса и откако ја пребарале куќата го нашле натрапникот, а во тој момент почнале да се собираат и жители од селото кои сакале да го фатат. Додека полицајците се обидувале да го стават непознатиот човек во возилото, од зад грб еден од сепаните замавнал со трврд предмет, сакајќи да го удри натрапникот, но го промашил и по нога удрил еден од полицајците.
-Полицискиот службеник бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.