659
На гласачко место во Ново Лисиче дошло до инцидент на почетокот на гласањето по што интервенирала полицијата. Инцидентот се случил пред Основното училиште „Лазо Ангеловски“.
Група од млади момчиња малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето. Кога полицијата пристапила напаѓачите се спротиставиле и судриле со полициските службеници, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.
Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.
По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече