99
Родителите на убиените деца во „Рибникар“ објавија фотографии од своите најмили пред судницата каде својата одбрана денеска ја изнесоа мајката и таткото на момчето убиец.
Кога заврши рочиштето, Миљана Кецмановиќ и адвокатот биле пречекани со вербални навреди од страна на родителите на убиените деца. Тие им довикувале: „Што гледаш, чудовиште едно“.
Како што пренесува „Блиц“, кога Миљана Кецмановиќ ја напуштила судницата, родителите ѝ викале: „Чудовишта, злорници, монструми…“.
Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи кривичната постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец, како и против двајца работници на стрелиштето каде момчето одело со својот татко.