510
На манифестацијата по повод верскиот празник Водици денеска во Скопје се случи инцидент меѓу обезбедувањето ангажирано од МПЦ и новинарските екипи.
Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости.
Најлошо помина новинарката на телевизија Канал 5, Мирјана Мирчевска која заврши со повреди на вратот.
-За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?, велат од Канал 5.