Моника Зајкова е првата жена-лидер, која дојде на чело на Либерално-демократската партија, која во минатото ја предводеле Гошев, Пенов, Манасиевски, Жерновски и последно – Милевски. Во интервју за „Фокус“, таа говори дека нејзината цел е зголемување на членството, враќање на довербата на граѓаните во либерализмот и факторизирање на партијата на политичката сцена
Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ФОКУС: Во последниот јавен настап бевте критична кон политиките на владата кон правосудството. Кажавте дека реформите во оваа област не се на завидно ниво и дека некому му одговара овој хаос. На кого мислевте?
ЗАЈКОВА: За правосудниот систем не мора да зборувам јас, зборуваат граѓаните, ниската доверба во правосудните инстанци. Според последната анкета, само четири отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството. Јас, неколку години работев во адвокатско друштво и можев да ги видам однатре аномалиите на тој систем.
Јас не персонализирам никого, но велам дека како ресор не испорачува доволно реформи. Мојата критика не се однесува само на актуелното владеење во ресорот, туку на она што со години не е преземено и е дозволено да дојде до ова ниво. Јас сум порасната во овој систем, во кој постојано слушаме едно исто дека судството не ни функционира. Завршив Правен факултет, имавме и пракса и гледаме дека од година во година тој систем само оди кон полошо и полошо.
ФОКУС: Но, дали со штитењето на судиите и јавните обвинители, политичарите сами се штитат.
ЗАЈКОВА: Јас кажав можеби некому му одговара ваквиот хаос за да се заштити себеси. Лично нема од што да се плашам да се реформира судскиот систем. Мислам дека тоа ќе им биде од бенефит и на судиите и на обвинителите што професионално работат и ќе бидат ослободени од тие притисоци. На кого?
Па, ЛДП немала некои високи места во извршната власт, немала кадри фатени во криминал за да се каже дека нам ни одговара. Очигледно тоа се поголемите партии, и не сите во поголемите партии, не сакам да генерализирам, има индивидуалци во партиите на кои им одговара ваквиот хаос и кои ги стопираат и ги блокираат реформите.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК