Интервју со Костадин Костадинов: Карневалот бара сериозна посветеност, но резултатот секогаш вреди!

by Fokus

Во свечена, карневалска атмосфера, синоќа пред општинската зграда во Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов им го предаде клучот на струмичките карневалисти, со што се означи почетокот на уште едно издание на традиционалната манифестација Струмички карневал.

– Чувајте ја нашата Струмица и бидете добри домаќини на сите граѓани, како и на гостите од земјата и странство, порача Костадинов.

Од синоќа, па се до 5-ти март ќе трае карневалот, на кој годинава учество ќе земат 35 кареневалски групи. Од нив, 11 се меѓународни групи.
Ова е четврта година Костадинов, како градоначалник на општината да биде домаќин на манифестацијата, на која во интервју за „Фокус“ раскажува дека очекува масовна посетеност на граѓани од државата, но и од регионот.

– Традиционалниот струмички карневал е најдолготрајното празнување под маски не само на овие простори, туку и во светски рамки, со богата и разновидна карневалска програма која оваа година трае 8 денови и нуди 15 различни содржини за сите генерации. Сето ова бара голема организација, детално планирање и координација, многу труд и секако – финансии.

Организацијата на карневалот предводена од Организацискиот Одбор составен од 8 членови, но вклучени се и институции, субјекти и индивидуи од различни сегменти и сфери – од училишта, до културни институции, служби од јавните претпријатија и пошироко – до музички изведувачи, туристички организации, сместувачки капацитети. Обезбедувањето непречено функционирање на безбедносните и логистичките аспекти со забавниот дел бара сериозна посветеност, но резултатот секогаш вреди.

Овој настан е прослава на духот на заедницата, а струмичани се гордеат што секоја година го прават успешен. Сите подготвителни активности се одвиваат согласно предвидената динамика и верувам дека и оваа година ќе се покажеме како гостопримливи домаќини чии врати се отворени за време на карневалските денови за кои сум убеден дека ќе бидат извонредни, вели Костадинов во интервјуто за „Фокус“.

Целото интервју е објавено во новиот број на неделникот „Фокус“.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости