Интервју со Фадил Новалиќ: Само ние на Балканот имаме вишок струја!

Федералниот премиер на БиХ за неделникот Фокус, меѓу другото, говори и за енергетската транзиција.

by Фокус

Федералниот премиер на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, во интервју за најновиот број на неделникот Фокус вели дека Македонија им служи како светол пример на држава, која успеала да ги надмине меѓуетничките разлики за заедничка поголема цел, како што е членството во НАТО. Воедно, Новалиќ вели дека е оптимист дека можат да се надминат и недоразбирањата со Република Српска. Во интервјуто, тој говори на повеќе теми.

Разговара: Дејан Азески

ФОКУС: Босна и Херцеговина е актуелна деновиве и по големите штрајкови на рударите и тоа во услови на светска енергетска криза. Која е причината за тоа?
НОВАЛИЌ: Што се однесува до производствените капацитети, ние сме единствените на Балканот, што имаме вишок електрична енергија и го извезуваме. Да не се лажеме, не е најдоброто нешто на светот да се извезува струја, туку производите во кои сте ја вградиле таа иста струја. Но, таква е ситуацијата, затоа што ние бевме енергетски центар во поранешната држава.

Проблемот е во енергетската транзиција со која се соочува БиХ, како и остатокот од светот. Енергетската транзиција не е само прашање на волја, туку и на капитал. Тоа е меѓународна трансформација на капиталот која ја почна Англија уште пред 40 години под водство на Маргарет Тачер.

Германија го направи тоа пред 20 години, Унгарија пред 10 години, а сега е наш ред да го сториме истото. Тоа е реално голем проблем за нас. Се работи за многу голема индустрија, базирана исклучиво на јаглен.

ФОКУС: Како би требало тогаш да се изведе економската транзиција за која што говорите?
НОВАЛИЌ: Транзицијата, секако, значи намалување на термоцентралите, што природно значи и намалување на бројот на рудари. И поради тоа дојде до социјален конфликт, кој е неизбежен. Прашањето е само дали постои волја овие конфликти да се решат на прифатлив начин.

Според Виенскиот протокол, ние сме обврзани да ја направиме оваа транзиција поднослива и прифатлива. Човечкиот страв е, верувајте, чудо, иако велиме дека никој нема да биде загрозен. Добро е што, сепак, некако го завршивме и што можеме да продолжиме со реформите. На крајот, сите ќе мора да прифатиме дека енергетската транзиција нема алтернатива. Значи, општеството треба да покаже зрелост и не можеме да се вратиме назад.

Ја разбирам перспективата на рударите, но таа е неодржлива, бидејќи во спротивно, не само што нема да го извезуваме вишокот струја, туку на крајот, нема да ни дозволат да ги произведуваме овие производи на таканаречена валкана енергија. Сакале, или не.

Целиото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости