(ИНТЕРВЈУ) Петковски: Не паметам држава која е негирана и омаловажувана како Македонија!

by fokus

Македонија слави 31 година независност. По тој повод разговаравме со Тито Петковски кој беше дел и од првиот пратенички состав кој ја создаваше самостојната држава.

За тоа дали Македонија се развива како што тие замислуваа во 1991 година, но и за актуелните политички прашања кои денес ги живееме, прочитајте во продолжение.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Вака ли ја замислувавте независна Македонија во 1991 година кога зачекори на патот на самостојноста?

ПЕТКОВСКИ: Јас и останатите пратеници од првиот собраниски состав ,во нашиот мандат гледавме шанса да изградиме стабилна држава и модерно и демократско општество,во услови на политички плурализам ,кој што туку доби право на граѓанство.За сите нас тоа беше голема непознаница и голем предизвик.

Почнаа да се прават политички партии, различни политички интереси. Пратениците беа свесни дека учествуваат во изградба на нешто значајно. Дека се удираат темелите на една нова држава. Важеше слоганот „Свои на своето“. Имаше огромен ентузијазам. Се разви еден спектар на политички партии кои на стартот покажаа дека имаат амбиции од Македонија да направат стабилна држава.

ФОКУС: Се исполнија ли тие амбиции и очекувања?

ПЕТКОВСКИ: Од оваа временска дистанца: Огромни очекувања, но мала реализација. Немаме ни повисока политичка култура од тогаш, не сме ни побогати како граѓани, немаме ни поразвиено општество и економија, меѓународно се уште сме неетаблирани. Ниедна држава како Македонија не помина низ таков пат. Не паметам држава во Европа која е толку негирана, омаловажувана, потценувана. Држава која е оспорувана по многу основи и заради нашето минато и амбициите на соседите со големодржавни идеи.

Од оваа временска дистанца навистина се многу изневерени големите очекувања на граѓаните. Наместо да се движиме кон создавање на општество на рамноправни граѓани, нашето општество почна да се сегментира на етничка основа, што објективно доведува до конфликти кои кулминираа во 2001 година со војната.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости