„Огнената група“ од ДУИ веќе се издвои како фракција. Во разговор за „Фокус“, еден од предводниците, Изет Меџити, објаснува кои ќе бидат нивните следни чекори и дали можеби ќе формираат и нова партија.
Целото интервју може да го прочитате и во онлајн изданието на неделникот.
Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
ФОКУС: Според анкетата на Алсат, вашата популарност е многу блиску до онаа на Ахмети. Што значи тоа за Вас?
МЕЏИТИ: Тука е важно што целата екипа (н.з. на „огнените“) има голема поддршка. Ние никогаш не сме биле фокусирани лично, секогаш на Ахмети и на ДУИ. Ова не е првпат, и во минатото сум уживал добра поддршка и внатре во ДУИ. Но, ние сме биле фокусирани да сработиме и да има успех за ДУИ и за Ахмети.
Зошто Ахмети се одлучи за вакви промени и ваков пат, не знам. Но, сигурно ќе има одраз и ДУИ ќе плати цена на следните избори. Тоа укажува дека ние сме блиску до граѓаните, артикулираме нивно незадоволство. Од друга страна, другата страна го има изгубено контактот со реалноста и со граѓаните. Затоа се овие бројки.
ФОКУС: На таа анкета имаше и прашање: кого од „огнените“ го гледате како добар претендент за лидерска позиција. Повторно Вие имавте највисок процент. Би прифатиле ли таква улога?
МЕЏИТИ: Ние во моментов работиме екипно. Отворени сме и за други млади што може да се најдат и да промовираат во оваа нова политичка формација. Секој од нас има свои добри страни во различни сектори. Тука сме комплементарни. Не е битно кој ќе биде лидер. Завчера Беџети го водеше пресот, тука немаме проблеми.
ФОКУС: Доколку дојде до тоа да ве исклучат од партијата, ќе бидете ли тогаш принудени да формирате нова партија?
МЕЏИТИ: Ќе почекаме. Дваесет и две години, никој во ДУИ не е исклучен. Ќе биде интересно и за нас такво нешто. Но, со тоа веќе нема да има дилема дека во ДУИ нешто се случува. Секој што размислува поинаку, ќе биде казнет и тоа ќе биде порака и до тие што остануваат внатре: или ќе замолчат, или ќе си одат како нас.
Ќе почекаме да повлечат таков потег. Нема да бидеме зачудени. Некој да нѐ прашаше пред една година или шест месеци, немаше да веруваме. Но, по сите овие разрешувања на луѓе што придонеле за Ахмети… Ќе почекаме и ќе седнеме, ќе анализираме. Не е крај на светот. Дваесет и две години сме вложиле во ДУИ, нема да биде лесно да се соочиме со тоа, но ќе се соочиме.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК