„Огнената група“ од ДУИ веќе се издвои како фракција. Во разговор за „Фокус“, еден од предводниците, Изет Меџити, зборува и за тоа дали очкеуваат политичката одмазда од врвот на ДУИ преку отворање судски предмети против „огнените“.
Целото интервју може да го прочитате и во онлајн изданието на неделникот.
Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
ФОКУС: Кога беше изборот за јавен обвинител за организиран криминал, во јавноста излегоа информации дека тој е близок до ДУИ. Постојат ли такви релации и на кое ниво се?
МЕЏИТИ: Беше образложено, но најважно е што на вакви сериозни забелешки на американскиот амбасадор, нашите претставници од владата не реагираа и сакаа да го заобиколат тоа. Но, тоа не е здраво за демократијата, ниту за ДУИ. На вакви забелешки да не се рефлектира. ДУИ не рефлектира ни кон вакви забелешки, ниту кон нас „огнените“ и сето ова создава една слика дека ДУИ не е тоа што беше и дека не е приоритет интересот на граѓанинот.
ФОКУС: Запознаени ли сте какви биле релациите на обвинителот со Ахмети?
МЕЏИТИ: Од порано?
ФОКУС: Да, од порано.
МЕЏИТИ: Тоа е очигледно. Беше тема во медиумите. Имаше реакција и од странците. Дека се од Зајас, од исто маало. Други релации не сум проучил и не ги знам.
ФОКУС: Очекувате ли да посегнат по политичка одмазда преку отворање судски предмети против вас?
МЕЏИТИ: Имаат сила, го имаат и Ислам Абази. Но, ниту разрешувањата, ниту други процеси нема да нѐ исплашат. Само ќе се брукаат со тоа. Очигледно ќе биде пред јавноста, човек што е преку 20 години во политиката, нема ниту едно кривично дело, нема ниту една постапка, сега да се отвораат постапки ќе биде очигледно дека тоа е реваншизам. Но, тоа нема да нѐ исплаши и ќе возвратиме уште посилно.
ФОКУС: Но, не би ве изненадило доколку се случи?
МЕЏИТИ: Не би ме изненадило сега. Но, имајќи предвид дека не познаваат кои сме и што сме и како сме реагирале и во режимот на Груевски и во 2006 и во 2008, мислам дека двапати ќе размислат пред да посегнат по такви мерки.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК