Пратеникот Изет Меџити, поранешен висок функционер на ДУИ кој по несогласувањата со партискиот врв формираше нова партија – Демократко движење, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека никогаш немал лидерски амбиции. Во спротивно, вели тој, ќе ги покажел во изминативе 20 години.
Разговараше:
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ФОКУС: Зошто цела „огнена група“ не остана на купче?
МЕЏИТИ: Од 2020 јас сум конзистентен. Јас сум редок случај да преминам од влада до опозиција заради убедување. Имав простор како потпретседател, шеф на парламентарна група, претседател на огранок во Чаир. Да беше до мои лични интереси и кариера, имав доволно простор за себе.
Но за разлика од нив, јас немам изгубено контакт со реалноста, комуницирам со членството. За време на корона кризата водевме кампања, тие не поддржаа и не гласаа и по цена на живот и зараза, и да заборавиш на се кон нив. Мојата интуиција ми велеше дека ДУИ е забегана во работи кои не можевме да ги замислиме.
Поради моите критики си ја платив цената, не бевме разрешени туку избркани. Дојдовме до точка да си одиме дома или да ја продолжиме битката и тука се 99 отсто од луѓето на тие митинзи и јавни настапи. На тие што се вратија ќе им се заблагодарам за придонесот.
ФОКУС: Дали секогаш сте имале желба да бидете лидер на ДУИ или на друга партија, како сега?
МЕЏИТИ: Да имав таква желба, ќе го искажев тоа, немаше да го кријам 20 години додека бев во ДУИ. Напротив, никогаш не сум претендирал за ова. Причината зошто работиме на спојување на опозицијата покажува дека не ни е по секоја цена лидерството или кој ќе го има знамето. Се надминавме, направивме силен опозициски блок, без предрасуди.
ФОКУС: Има ли патрон вашето обединување? Многумина прават анализи дека Албин Курти е кумот на тој проект.
МЕЏИТИ: Освен внатрешните прашања во кои се разидуваме со ДУИ, ние сме против „Отворен Балкан“, особено сега откако и Еди Рама се повлече, па останаа само Ахмети, Ковачевски и Вучиќ. Да направиш „Отворен Балкан“ со блиски соработници на Милошевиќ, како Вучиќ, Дачиќ, Вулин, со единствена држава во Европа, која сѐ уште не воведе санкции кон Русија и соработуваат со Путин… Не знам што ги држи во тоа, но ние сме за Берлинскиот процес, што не го гледа Косово како проблем, туку тие што се проблем, односно краците од октоподот на Путин.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.