(ИНТЕРВЈУ) Лимани: Семејството Ахмети поседува бачила, централи, фирми, лимузини, вила во Албанија…

Поседуваат земјиште во месноста Голем во Драч – Албанија, вила во месноста „Ѓири и Лалзит“ , прочуена плажа во Албанија, а имаат фирми и станови, од кои дел се на нивно, а дел на други имиња, возен милионски парк, лимузини „порше“, „ауди-А“, џипови, парцели и дворови, вели потпретседателот на БЕСА Фатмир Лимани во интервју за „Фокус“.

by Фокус

Фатмир Лимани, кој во јавноста стана познат како внук на Али Ахмети, но се разиде со матичната партија ДУИ и направи трансфер во БЕСА, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ открива како семејството Ахмети го стекнале богатството и каде сѐ имаат имот. Според него, во имотното портфолио на семејството Ахмети влегуваат пасишта, каменолом во Буковиќ, бачила, вили во земјава, како и во соседна Албанија.

Разговараше:
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: Тврдите дека нивното богатство го стекнале по војната на сомнителен начин, дека ги искористиле непотрошените фондови што останале по војната и не дале информација како биле потрошени фондовите „Повикува родниот крај“ и „Народно ослободување“. Како се полнат овие фондови?

ЛИМАНИ: Фондовите се полнат со средства, пари, обезбедени од албанските иселеници што работат и живеат во европските земји, Канада, Америка и во Австралија. Тие и ден денес плаќаат кредитни стапки и долгови за да се пополнат горенаведените фондови што се злоупотребија по завршувањето на војната.

Водачите на ОНА не дадоа информација за тоа колку средства се собраа, колку пари беа потрошени на дневна и месечна основа, за што се потрошија и колку средства останаа на крај на сметките на ОНА, каде завршија и што се направи со тие пари.

Според моите сознанија, околу 5 милиони франци, долари и други валути останаа на сметка и се поделија. Кои беа челниците што зедоа дел од тие пари и по колку пари поделија? Колку пари зедоа од Европската заедница за разоружувањето?! Каде завршија тие пари? За овие и многу слични прашања ќе треба да даде информација водачот, кој до ден денес ни реченица не проговори за тоа.

ФОКУС: Каде има пасишта и парцели семејството Ахмети и како дошле до ова земјиште?

ЛИМАНИ: Лесно е да се дојде до точни информации, има институции што може да обезбедат документација за нивниот имот. Дирекцијата за пасишта при Министерството за земјоделство може да даде информации кои пасишта биле во сопственост на семејството Ахмети пред и по војната на 2001 година. Одделот за доделување субвенции да дадат информации на кои сточари и земјоделци им е доделено земјиште и субвенции по глава на добиток.

А истовремено да се види колку средства зеле членовите на фамилијата Ахмети, а колку вредните сточари, кои мака мачат за да врзат крај со крај. Овие информации потоа треба да се споредат со имотот пред и по 2001 година.

ФОКУС: Што уште поседуваат тие, според Ваши информации?

ЛИМАНИ: Тесниот круг на нивната фамилија имаат пасишта во Буковиќ и „Дарда Кула“, каменолом во Буковиќ, бачила и пасишта на Буковиќ, бачила и пасишта на Дарда, бачила и пасишта во битолскиот крај. Потоа вили во Буковиќ и Дарда.

Потоа, земјиште во месноста Голем во Драч – Албанија, вила во месноста „Ѓири и Лалзит“ , прочуена плажа во Албанија, а имаат фирми и станови, од кои дел се на нивно, а дел на други имиња.

Но, и возен милионски парк, лимузини „порше“, „ауди-А“, џипови. Парцели и дворови купени и приватизирани по 2001 година, кои граничат со нивните куќи во селото Зајас. Сето ова богатство е пријавено како имот, кој вреди само 100.000 евра.

Имаат десет мегавати фотоволтаична централа, нелегално градена и вклучена во систем, во РЕК „Осломеј“, каде што имаат удел. Три хидроцентрали по еден мегават во Бачишка Река. Дел е сопственост на семејството Ахмети, во договор со фирмата што ги реализирала проектите.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости