(ИНТЕРВЈУ) Лимани: ДУИ инфилтрираше луѓе во опозицијата, ќе победиме со „огнените“ и гласачите на Алијанса!

ДУИ инфилтрираше членови на подограноци и ограноци од кои црпеше информациии, тие успеваа да се рангираат и на пратеничките листи на опозициските партии, вели потпретседателот на БЕСА Фатмир Лимани во интервју за „Фокус“.

by Фокус

Фатмир Лимани, кој во јавноста стана познат како внук на Али Ахмети, но се разиде со матичната партија ДУИ и направи трансфер во БЕСА, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека имаат договор со Алтернатива за меѓусебна соработка за следните парламентарни избори и најавува дека ќе победат заедно со „Огнената група“ и гласачите на Алијанса за Албанците.

Разговараше:
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: ДУИ е повеќе од 20 години на власт и ниту една опозициска албанска партија не успеа да ги урне, и покрај сите сомнежи за криминал. Зошто?

ЛИМАНИ: По војната во 2001 година, ДУИ оствари комоција што ја искористи на сите изборни циклуси. Инфилтрираше членови на подограноци и ограноци на опозициските партии од кои црпеше информации за нивните одлуки и преку нив влијаеше на нивните одлуки, кои во дадени моменти беа во полза на ДУИ. Инфилтрираше членови, кои успеваа да се рангираат на пратеничките листи на опозициските партии, а кои во критични моменти му држеа баланс на ДУИ, за да опстане во власта. Факт за ова се и преминувањата на пратеници од опозицијата во нивните редови.

ФОКУС: Имаше приближување на ставовите меѓу БЕСА и Алтернатива, па дали би дошло до поголемо окрупнување на албанските опозициски партии против ДУИ, заедно со Алијанса на Албанците, кои се во Влада?

ЛИМАНИ: Алтернатива и движењето БЕСА имаат договор за меѓусебна соработка за следните парламентарни избори. Соработката со Алијанса е на ниво на членство и на терен бидејќи сите тие што „војувале“ против ДУИ во последните 10 години, се припојуваат на нашите редови од причина што не се согласуваат да бидат дел од криминалот на структурите на ДУИ, кои за две децении ја ограбија и ја опустошија земјава до мера да се изгуби надеж кај секого дека во оваа држава нема перспектива.

ФОКУС: Дали комуницирате со некој од „Огнената група“?

ЛИМАНИ: Имам контакти со „огнената група“. Убеден сум дека разговорите ќе завршат со договор, кој ќе служи за заедничко настапување на идните избори, било тоа да се предвремени или регуларни. Доволно е во групата да се заедно Изет Меџити, Висар Ганиу, Башким Асани и претставник на тетовскиот крај, и со нив да се соединиме, за почеток на заеднички листи, и со ова е загарантирана и запечатена победата на обединетите, движењето БЕСА, Алтернатива, „Огнената група“ и гласачите на Алијанса, кои се разочарани од нивните лидери.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости