Бизнисменот Трифун Костовски на 22 август ќе го презентира извештајот од приватната истрага за стечајот на Еуростандард банка. Најавува откривање огромен организиран криминал во банкарскиот сектор. Одговара и дали стравува дека може да заврши во затвор.
Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
ФОКУС: Можеме ли уште сега да напоменеме некои најзастапени форми на криминал утврдени во истрагата?
КОСТОВСКИ: Сега ќе споменам само тоа што на еден народен јазик може да се разбере. Приватни трансакциски сметки на правни и физички лица во илјадници случаи се користеле и користат за вршење трансфери на финансиски средства без знаење на сопствениците. Позајмици, купување акции, и честопати неповратно исплатени огромни пари во готовина.
Во такви трансакции учествуваат и по неколку банки со цел да се замагли трагата.
Вториот сегмент е за фирми што не биле кредитоспособни. Нивните пријатели од банкарскиот сектор на челните позиции наоѓале начини како да ги финансираат. Преку позајмици. Тие позајмици не смеат да постојат во банкарскиот систем. Барем јас така мислев. За жал, тоа било имплементирано и тоа многу дебело.
ФОКУС: Значи овде не зборуваме само за Еуростандард банка, туку и за други банки?
КОСТОВСКИ: Апсолутно. Зборуваме за целиот банкарски систем во Македонија. По сите параметри, ова сега треба да биде земјотрес. Бидејќи ова е прво соочување во вистинскиот организиран криминал.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК