До крајот на септември ќе се донесат нови или ќе се изменат и дополнат вкупно шест клучни закони во образовниот процес со кои ќе се почне коренита реформа во можеби најслабата алка во македонското општество, најавува министерката Јаневска.
Студентите ќе добијат повисока сума за субвенциониран оброк, а наставниците повисоки плати во првиот момент кога реалноста ќе дозволи покачување. Од 2025 година се планира издвојување на средства од буџетот за наука во висина од 1 отсто од БДП наместо досегашните 0,3%.
Се очекува најкрупната промена да се случи во високото образование каде што одлуките ќе ги носи Национално тело за реформи во високото образование кое е во фаза на формирање. МОН планира средства за бесплатен студентски превоз во 2025 година, но се уште нема решение за последните три месеци од 2024 година. Јаневска очекува успешна учебна година и позитивни резултати на крајот од следниот јуни.
Ова се дел од ставовите и заклучоците на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска во интервјуто за „Фокус“ на неколку дена пред почетокот на новата учебна година.
Јаневска е доктор на медицина, специјалист по патологија и доктор на науки, а од 2011 година е редовен професор на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде и го стекнува своето академско образование. Таа го презеде министерското столче во Министерството за образование и наука (МОН) од Јетон Шаќири. На функцијата доаѓа во време кога има премногу напластени проблеми во образованието кое требаше да биде еден од столбовите на кои ќе стои државата.
Разговараше
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК