(ИНТЕРВЈУ) Димитров: Зошто Заев и Ахмети би преговарале за Кривичниот законик со Груевски, кој нели им избега?

by fokus

Со поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, а сега претседател на невладината организација „Солуција“, Никола Димитров, разговаравме за актуелните случувања на македонската политичка сцена, но и за несогласувањата кои ги имаше со Владата на СДСМ поради кои не продолжи да министерува со сегашниот премиер Димитар Ковачевски. Вели дека додека бил дел од власта, не бил информиран дека тогашниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети преговараат со Никола Груевски за измени на Кривичниот законик. Кои се плановите на неговата невладина организација, но и неговите лични планови прочитајте во продолжение.

Разговараше: Катерина Смилева Божиновска

ФОКУС: Али Ахмети во интервју изјави дека веќе три години се преговара за измените на Кривичниот законик. И дури имало согласност постигната помеѓу него, Заев и Груевски. Додека вие бевте во Владата, имавте информации дека се случуваат такви преговори?

ДИМИТРОВ: Воопшто не. Јас бев во тек со дебата за Законот за јавно обвинителство, кога имаше еден обид, пак некако ако може да ги снема случаите на СЈО. Тука бев меѓу тие кои сериозно се спротивставија. Прво, затоа што целата наша приказна од Шарената револуција беше за одговорност, за правда. Второ, затоа што самата ЕУ, а особено Холандија експлицитно ни кажа дека тоа е услов на холандскиот парламент: правна разврска за сите случаи на СЈО.

Ако разговарале со Груевски, убаво би било да ни соопштат во кое својство, зошто, оти нели официјалната приказна е дека Груевски избега. Зошто би разговарале со човек кој е бегалец од правдата во сопствената земја? Во која функција? Ако веќе толку долго разговарале зошто не ја вклучиле и европската јавност? Ако се крстат толку во Европа, зошто не ја прашале Европа што мисли? И зошто немаше една поширока дебата дома?

Затоа, сметам дека ова со измените и особено со злоупотребата на европското знаме ја прели чашата. Ова беше сатар со кој ја пресекоа врската со граѓанството. Од овој момент не знам како имаат образ да зборуваат за европски вредности и европска иднина.

ФОКУС: Додека вие бевте во Владата, немаше дебата за ставање европско знаменце за измените на Кривичниот законик?

ДИМИТРОВ: Јас имав голема грижа и апсолутно внимавав на што се се става европско знаменце. И на пример, арументирав зошто не може да ставиме ЕУ знаменце на обидот со пари на граѓаните да се плаќаат приватни медиуми. Тоа оваа Владата сакаше да го направи, иако во 2017 дојде на власт преку ветување за стопирање и оценка дека тоа е лоша практика. Јас, врз основа на консултации со Брисел, оценив дека не е соодветно за таква работа да се користи европско знаменце.

Не велам дека во мое време немало грешки, но ако сум реагирал за медиумски политики, се разбира дека ваква крупна грешка никогаш немаше да дозволам. Па и за Бехтел и Енка, каде имаше злоупотреба на европско знаменце за суспендирање на македонското законодавство по едно чудо основи.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости