(ИНТЕРВЈУ) Богоев: Заев не е вклучен во преговори за уставните измени

by fokus

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за неделникот „Фокус“ одговара и дали поранешниот премиер и лидер на партијата Зоран Заев е вклучен во работата на СДСМ.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

Новиот број на неделникот во кој е објавено целото интервју може да го купите и онлајн на овој линк.

ФОКУС: Во јавноста излегоа информации за средби на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев со Мицкоски токму на тема уставни измени. Вклучен ли е на било каков начин, Заев во дејствувањето на СДСМ?

БОГОЕВ: Не, Зоран Заев во моментов е член на партијата, поранешен претседател на партијата, потпретседател, градоначалник, премиер, бил на многу важни позиции. Нормално, тој секогаш ќе има, на некој начин, посериозно место во партијата како поранешен претседател. Меѓутоа, не е вклучен во моментов во креирање на политики или преговори за уставни измени, На било каков директен начин во партијата. Можам да зборувам во партијата. Што прави човекот во слободно време си е неговата работа, но не сум чул нешто такво.

ФОКУС: Во овој контекст беа и некои теории дека се подготвува или се работи на широка влада по германскиот модел на заедничко владеење. Кој е вашиот став за овој модел?

БОГОЕВ: Ние сме против тоа. Не може да седиш на маса во иста влада и да водиш држава, а притоа имаш стратешки разлики. Ние сме за европскиот пат, тие се за некој друг светски блок, затоа тоа е неодржливо. Во Германија тоа е одржливо. Затоа што Германија е членка на НАТО и ЕУ, знае каде сака да остане и знаат што сакаат да направат за граѓаните. Кај нас имаме суштинска разлика во правата стратешка определба. ВМРО-ДПМНЕ, со се што прави, е против Македонија да биде дел од ЕУ. А, ние, со се што правиме, се трудиме и ќе успееме, Македонија до 2030 да биде полноправна членка на ЕУ.

Исто така, тоа е партија која е нереформирана, не е исчистена од криминалци во своите редови. И тука немаме заедничко во концептите, за заедно да водиме држава.

ФОКУС: Има ли единство во пратеничката група на СДСМ за уставните измени?

БОГОЕВ: Во пратеничката група на СДСМ има единство по сите стратешки прашања кои се влезени и во владината и во партиската програма, вклучително и членството во ЕУ преку целиот процес на уставни измени кои мораме да ги направиме.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Преземање на текстот или делови од текстот се дозволени само со линкување до веб-страницата на „Фокус“.

 

Поврзани новости