(ИНТЕРВЈУ) Богоев: Пратеници и градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат позитивни сигнали за уставните измени

by fokus

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за „Фокус“ зборува за актуелните случувања поврзани со уставните измени и открива дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но и еден скопски градоначалник испраќаат позитивни сигнали за внесувањето на Бугарите во Уставот. За тоа дали ја смета Левица за сериозна политичка партија, но и за вмешаноста на близок човек на Мицкоски во бизнис со марихуана читајте во продолжение.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Имате ли комуникација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се за таканаречениот Европски фронт?

БОГОЕВ: Директна комуникација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на таа тема во моментов немаме. Секако нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат.

Од друга страна, се наоѓаат во деликатна ситуација заради хистеријата што Мицкоски и Апасиев ја искреираа летово, особено со протестите во јули. Таа хистерија што се искреира, на некаков начин им го отежнува просторот за делување на овие луѓе и структури во ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, тие се цврсто убедени дека ова е начинот и патот по кој треба да чекориме. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка.

ФОКУС: Можеби на самото гласање за уставните измени?

БОГОЕВ: Како ќе одлучат, така.

ФОКУС: На средби со дипломати од скопските градоначалници оди Тимчо Муцунски.

Не би откривал за кој градоначалник станува збор. Можеби и ќе се изненадите. Сепак градоначалниците се среќаваат со дипломати не само партиски, туку и за проекти и слично, па ги користат тие прилики за да изразат политички позитивен став за европската приказна која ја предводи СДСМ.

ФОКУС: За колкав број на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои испраќаат позитивни пораки станува збор?

БОГОЕВ: Не би навлегувал во тоа.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости