За време на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, имавме можност да се запознаеме и поразговараме со Алекеј Бобровников, еден од најпознатите украински истражувачки новинари, кој морал да пребега од Украина поради своите истражувања. Во 2020 година тој добива политички азил во Германија, а на почетокот на руската инвазија и се приклучува на украинската армија преку Легијата на странци и се бори во Ирпин и Гостомел. Бобровников и неговото семјество преку неговиот прадедо се поврзани и со Скопје.
Разговараше: Катерина Смилева Божиновска
ФОКУС: Помина една година откако започна војната. Што очекувате следно од Путин?
БОБРОВНИКОВ: Тој никогаш нема да застане, додека некој не го застане. Проблемот со Русија не е само Путин. Ова е многу важно да се разбере. Руските елити и соработници на Путин сите се длабоко навлезени во империјалистичкиот поглед на светот, каде остатокот од светот треба да гори за Русија да се шири и да креира нови сиви зони.
Ако не можат да влезат во државата директно, користат разни начин за истата да ја дестабилизираат. Дигитално, финансиски, економски и кога ќе можат, воено. Гледаме дека нивните борбени групи како Вагнер и други се присутни и во Африка и на Блискиот Исток. Русија е место каде локалните елити, кој и да дојде на власт, порано или подоцна, се враќаат на идејата за надмоќ, од регионална моќ до глобална сила.
За нас Украинците, дури и кога ја гледаме таканаречната руска опозиција која нема шанси да дојде на власт, не гладаме голема разлика. И Навални кој сега е во затвор, и тој зборуваше дека враќање на Крим на Украина не е опција за која тој ќе се залага. Повторно постои тој империјалистички поглед.
На кратко, што очекуваме од Путин? Се, освен мир.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ „ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК