Љатиф Арифи беше единствен кој пред медиумите го оспори реизборот на Зијан Села за лидер на Алијансата на Албанците. Тој за себе вели дека е еден од основачите на партијата, а во 2014 година бил единствен кој како активен член на централното раководство на ДПА на Мендух Тачи се приклучил кон Села.
Арифи најавува дека изборот на Села ќе биде оспорен пред Суд, а тврди дека тој лично нема лидерски амбиции.
Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
ФОКУС: Го спорите изборот на Села за претседател на партијата, но тој тврди дека ова сепак му е втор мандат, бидејќи претходно партијата имала друго име. Како вие го толкувате ова и дали е против Статутот?
Љатифи: Да секако дека ние го оспоруваме изборот на господин Зијадин Села за претседател на партијата , бидејќи тој веќе беше претседател на партијата два мандати. Според Статутот на партијата, член 78 кој е донесен на првиот КОНГРЕС на тогашнато Движење за реформи на демократска партија на Албанците , одржан на 10 март 2015 година, Села беше избран за претседател прв пат, односно тоа му беше на Села прв мандат.
По вториот Конгрес одржан на 21 март 2018, каде што беше донесена одлука за ребрендирање на Партијата од Движење за реформи на ДПА во Алијанса на Албанците , исто така господинот Села беше реизбран по втор пат со кој според статутот на партијата веќе се губи правото за уште еден избор. Бидејќи во Статутот многу јасно стои дека мандатот на претседателот е ограничен на 4 години со можност за уште еден мандат. Така да според ова толкување, новиот реизбор, базирајќи се на Статутот на партијата е нелегален и против Статутот. Но, толкувањто од приврзаниците на Села , нема правна основа , бидејќи тие и не ја знаат вистината. Вистината ја знаеме ние кои директно бевме ангажирани во процесот на регистрација на партијата во регистарот на политичките партии во надлежниот суд во 2015 година.
ФОКУС: Ќе поведете ли постапка пред надлежен Суд за изборот?
Љатифи: Да, секако дека ние ќе поведеме постака за оспорување на изборот на Села. Во наредните денови ќе ја подготвиме целокупната документација потребна за оспорување, каде има непобитни факти дека изборот на Зијадин Села е нелегитимен. Треба да се почека неколку денови додека правниот тим на Алијансата на Албанците ги достави промените на Статутот и реизборот на Села за нов мандат до надлежните органи , па тогаш откако промените ќе бидат евидентирани во надлежниот суд и Централниот регистар, автоматски ни се отвара патот за оспорување. Мора да почекаме оти сега немаме правна основа.
ФОКУС: Што ќе бидат вашите следни чекори, дали планирате некое организирање внатре во партијата?
Љатифи: Нашите понатамошни постапки и следни чекори ќе треба во наредните денови да ги анализираме, и да донесеме одлука за нашето понатамошно дејствување. Но, тоа што со сигурност се знае е дека нашето дејствување ќе биде исклучиво отпорот да биде внатрепартиски,а целта е една, да го сочуваме членството, да не преминува во други партии. Битката за чување на демократските вредности внатре во партијата ке биде бескомпромисна , каде што почитување на статутот треба да важи за сите, вклучувајќи го и господинот Села, па се разбира и нас, кои го оспоруваме изборот на Села. Сепак ние ќе ја почекаме одлуката на судот, и секако дека ке ја почитуваме, но исто така очекуваме одлуката од судот да се почитува и од другата страна на чело со Села.
ФОКУС: Има ли други членови на партијата кои го делат вашиот став дека изборот на Села е нелегитимен?
Љатифи: Сигурно дека ова не е персонална битка , туку зад нас стојат многу активисти , основачи на партиаја од првите денови и ги има од сите ограноци, почнувајќи од Струга па се до Липково. Да не зборуваме дека апсолутното членство од полошкиот регион се наши подржувачи . Ова веќе е потврдено од резултатите на локалните избори, со кои ние сакавме да пренесеме лекција, дека кога се одлучува без договор со базата на партијата , то – ест со активистите, спротивно на нивната волја, резултатот ќе биде таков каков што беше на последните локани избори. Но очигледно господинот Села не ја научил доволно лекција , и може многу лесно да му се повтори истиот резултат на наредните избори ,кој може да биде уште покатастарофален.
ФОКУС: Дали вие би прифатиле да застанете на лидерската позиција доколку имате поддршка од членството?
Љатифи: Во никој случај не би прифатил да застанам на лидерска позиција, но сосема сум сигурен дека во Алијанса за Албанците има повеќе од десетина квалитени лица, кои што можат да ја водат партијата. Тука би го спомнал за пример господинот Арбен Таравари. Тоа е личност која секоја политичка партија би сакала да ја има во партиските редови. Исто така и координаторката на пратеничката група Илире Даути , гласноговорникот на партијата Флакрон Беџети, но сигурно има и многу други.