381
Вчера обвинителката Вилма Русковска изјави дека Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за екс-премиерот Никола Груевски.
Од друга страна пак, оттаму ја враќаат топката кај домашните институции во Скопје, пренесува Алсат М.
„Дали или кога полицијата во која било од 194-те земји-членки на Интерпол споделува информација со Генералниот секретаријат во Лион поврзана со истраги или индивидуи, тогаш оваа информација останува во сопственост на таа земја-членка. Па така, Интерпол не коментира за конкретни случаи или индивидуи, освен во посебни околности и со одобрение на засегнатата земја-членка. Во однос на вашето барање, би ве советувале да ги контактирате соодветните домашни власти.“, велат од Интерпол.