Интерпелација и за Никола Димитров поради договорот со Бугарија

by fokus

Поради потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, кој за ВМРО-ДПМНЕ е брзоплето и штетно, пратениците од оваа партија најавија дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

-Со договорот Македонија не ги заштити своите интереси и се откажа од македонското малцинство во Бугарија. Честитаме на бугарската влада што се избори за своите интереси – изјави пратеникот Антонио Милошоски.

Како што наведе тој причина за интерпелацијата е и неупатувањето на Александар Николовски за амбасадор во Брисел.

– Иако Александар Николовски ги помина сите процедури, од МНР добивме заклучок дека постапката се прекинува. Ако можеше ВМРО-ДПМНЕ да го испрати Нано Ружин за амбасадор во НАТО зошто да не може СДСМ да го испрати Николовски – посочи пратеникот.

Претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека поднесуваат интерпелација за министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, како и против министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Поврзани новости