Со Собанието денеска се формираше Интерпартиската парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата.
Од невладината организација ХЕРА информираат дека Интерпартиската парламентарна група ќе ги застапува и ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, користејќи ги достапните механизми на Собранието за градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.
Во Групата членуваат 13 пратеници од различни политички партии, но не и од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Членови на Групата се: Лилјана Поповска (ДОМ), Маја Морачанин (ДОМ), Бранко Манојловски (ДУИ), и независните пратеници Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска, Јулијана Николова (ЛДП), Никица Корубин (ЛДП), Петар Атанасов (СДСМ), Јагода Шахпаска (СДСМ), Соња Мираковска (НСДП), Славица Шуманска Митева (СДСМ) и Александар Кирацовски (СДСМ).
Координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е Маја Морачанин.