„Интермецо“ и „Мош“ затворени на 10 дена

by fokus

Кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ се казнети со затворање на локалите во времетраење од 10 дена поради непочитување на работното време, информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– По поплаки од граѓани дека кафулињата не го почитуваат работното време, изминатиот викенд инспекторите на Општина Центар во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во 1.30 часот по полноќ по што беше констатирано дека забавата сеуште траела. Државниот пазарен инспекторат изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена – истакна тој.

Решенијата локалите треба да ги добијат во текот на денешниот ден по што веднаш ќе бидат пломбирани.

Поврзани новости