Фудбалерите на Интер се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако вечерва на „Џузепе Меаца“ повторно го победија градскиот ривал Милан со резултат 1:0. Со вкупно 3:0 го чекираа билетот за Истанбул.
Во првото полувреме од мечот освен неколку посериозни акции и за двата тима, се водеше голема борба на средината на теренот, недоволно квалитетни акции и додавања кои не можеа да доведат до посериозни шанси за да се постигне гол.
Проблем за Интер беше повредата на Мхитарјан, кој мораше да ја напушти играта на крајот од првото полувреме, а на негово место дојде Брозовиќ.
Во продолжение Милан се обиде да стигне до голот, ја имаше иницијативата, но недоволно добра за сериозно да се закани кон голот на Онана.
Интер во второто полувреме дојде до првата сериозна ситуација за да постигне гол, со што ги реши сите дилеми околу пласманот во финалето. Лукаку и Лаутаро комбинираа во шеснаесетникот, а по втората размена на додавања, Аргентинецот остана сам и го погоди првиот корнер дијагонално од левата страна за 1:0.
Тој гол целосно ги победи играчите на Милан, кои немаа сили ниту квалитет да се вратат во мечот.
Интер се пласираше во финале во Лигата на шампионите по 13 години. Во 2010 година го крена трофејот со Жозе Мурињо откако во финалето го совлада Баерн Минхен.