336
Интер ги израдува своите навивачи со многу добри вести. Дефазнивецот Милан Шкринијар потпиша нов договор со клубот, кој го врзува за „нероазурите“ до летото 2023 година.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа заинтересирани за Хрватот, но се чини дека ќе треба да се насочат кон ангажман на други фудбалери.
Шкринијар е играч на Интер од 2017 година, кога се пресели од Сампдорија. Неговата прва сезона со тимот од Милано беше повеќе од импресивна. Во неа тој зеде учество во 38 натпревари без да пропушти една минута.