Институциите од извршната власт да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја

by Fokus

Владата на својата фејсбук страница објави дека ги донесе Одлуките за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот и за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, за реализација на мерките за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

– Одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки, каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија, стои на фејсбук статусот на Владата.

Овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, како што се наведува, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.

Поврзани новости