Владата работи по највисоките професионални правни, етички и законски постапки и нема да дозволиме нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност. Затоа веќе упативме повик и ги охрабруваме надлежните интитуции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, стандарди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
– Информации поврзани со набавката, Владата веќе сподели неколку пати. Документацијата ќе биде доставена до надлежните институции кои го проверуваат овој случај, рече Арсовски.