Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава и против Шабан Мемети, в.д. на ЈЗУ Институт за јавно здравје, како и против уште двајца вработени, бидејќи дозволиле да застарат побарувања на институцијата во износ на 40,7 милиони денари.
-Првопријавениот Ш.М. во свосјтво на службено лице в.д директор, второпријавениот В.С. во својство на Раководител на Сектор за логистика и правно финансиски работи и третопријавениот З.Б. во свосјтво на референт за наплата на побарувања, во периодот од 2010 до 2017 година, со пропуштање на должен надзор очигледно несвесно постапиле, односно не презеле никакви правни дејствија и мерки за наплата на побарувањата кои ЈЗУ Институтот за јавно здравје ги имал од поголем број на правни и физички лица.
Побарувањата биле по основ на извршени услуги и издадени фактури, кои согласно описот на работните обврски биле должни да ги превземат, не доставиле опомена пред тужба, не дале налози за тужби и друго, со што предизвикале дело од побарувањата во вкупен износ од 40,7 милиони денари да застарат и поради тоа истите биле отпишани во 2017 година и на тој начин овозможиле противправна имотна корист на правни и физички лица и предизвикале штета на Буџетот на ЈЗУ Институт за јавно здравје за истиот износ, информираат од Управата за финансиска полиција.