Институт за јавно здравје: Досега 258 тестирања за коронавирус во земјава

by Fokus

Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата со коронавирусот.

Во референтните лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на Ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат во Владата на РСМ, изјави на денешната прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.

Тој порача дека имаат реагенси и дека ќе има и во иднина, истакнувајќи дека нема потреба од загриженост кај граѓаните во однос на тоа.

Поврзани новости