373
Инспектори од Државниот инспекторат за труд од вчера се на терен и го истражуваат случајот со Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство ,,Венера’’, за која стотина студенти обвинија дека ги измамила земајќи им ги парите за работа во Германија.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека јавноста ќе биде известена во понеделник за сите детали, откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор.
Претходно, стои во соопштението од МТСП, се извршени неколку вонредни инспекциски надзори во работата на Агенцијата при што се утврдени неправилности во работењето, но претходните министри не постапиле согласно со наодите од утврдената фактичка состојба.