Тетовскиот универзитет е должен да го почитува дописот од 15 април годинава и да ги поништат одлуките за унапредување во доцент на министерот за образование, Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и на директорот за индустриска сопственост, Сафет Емрули. Ова стои во документот што до Ректоратот на Тетовскиот универзитет го доставил инспекторот за високо образование Ѓорѓи Илиевски, пренесе ТВ21.
Илиевски тврди дека за создадената ситуација освен посочените функционери, оставка треба да даде и директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски. Илиевски вели дека Инспекторатот извршил вонредна контрола неколку дена откако тој го направил истото и вели дека таму се испратени инспектори со конфликт на интереси.
Тој вели дека Тетовскиот универзитет има рок од 15 дена да ја испочитува одлуката на првичната инспекција извршена од него и на лицата вклучени во овој случај да им ги повлече докторските титули.