Државни инспектори и полиција влегла во домот на поранешниот новинар Мухамед Зекири, кој неодамна стана член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ.
-Антикорупциска, Финансиска Полиција и Организиран Криминал при МВР го чешлале мојот имот и веќе десетина дена водат истрага, информираше поранешниот новинор, а сега член на Мухамед Зекири Денеска и полицијата го посети мојот дом.
Сакам да им порачам дека може да истражуваат и чешлаат колку што душа им сака, ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме обезхрабрат, напротив само дополнително ми давате сила и мотивирате да продолжам да се борам против вистинските криминалци. Вистината ќе победи, ПРАВДА ЌЕ ИМА!!! Да бевте на висина на задачата и истражувавте и се боревте против криминалот последниве неколку години и државата ќе цветаше.Криминал можете да пронајдете само кај вистинските криминалци, кај вашите наредбодавачи кај Груевски и Мијалков и нивните соработници!!!! #ЌеЛежите“ –напиша Зекири на Фејсбук.