Во пожарот што утринава избувна во Инспекторатот за животна средина изгорена е документацијата која се чува во архивата, но за сите документи имаат и електронска евиденција, тврдат од Инспекторатот за животна средина.
Во изјава за МИА, од Инспекторатот појасниле дека пожарот избувнал во соседната просторија од архивата. Предизвикана е и друга материјална штета, меѓутоа не можат да кажат што конкретно е уништено, бидејќи тоа ќе биде познато откако ќе заврши увидот.
Во тек е истрага на полицијата и надлежните институции, а се сослушуваат и вработените во Инспекторатот, како и останатите кои во моментот на пожарот се затекнале во зградата.
Пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции, како и МИА, избувна утринава околу 06:50 часот, а беше изгнаснат во 08:50 часот. Интервенираа 24 пожарникари со девет возила.