Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека на две компании им ги одземаат А-интегрираните еколошки дозволи, бидејќи не постапиле според условите пропишани во дозволата.
ДЖИС на својот официјален фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво ИГМ Џумајлија ДОО – село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги ДАБЛЈУ ЕКО ДООЕЛ – Скопје, Подружница Желино им се одземаат А-интегрираните еколошки дозволи.
-На „ИГМ Џумајлија дозволата и е одзмена поради непостапување по условите и задолжувањата, односно поради невршење на активноста во обем и во време утврдено со дозволата. Трговското друштво е задолжено да ја го подмири долгот по основ на Годишен надоместок за поседување на А-интегрираната еколошка дозвола која ја добило на 31 мај 2019 година, соопшти ДЖИС.
ДАБЛЈУ ЕКО ДООЕЛ – Скопје, Подружница Желино, пак, како што информира ДИЖС, не ја ставила во функција инсталацијата за третман на пластика и отпад од пластика лоцирана во Желино од 20 јули лани, кога ја добила А-интегрираната еколошка дозвола. Поради тоа, не се извшрени мерења на емисии во воздух, вода и бучава согласно пропишаната фреквенција во дозволата.